набие
Значење на набие:
1. Настега, израмни со тапкање, со газење. Добро ја наби земјата околу коренот.
2. Нагмечи, повреди со притисок, со удар. Чевелот му ја набил ногата. Ме набиваат чевлите.
3. Закачи, набоде со удирање. Крај патот набија колци за ограда.
Коњугација: (ќе) набиев , (ќе) набиеја , (ќе) набиел , набив , набиен, набиј , набија , набијат , набијте , набил .
Изведени зборови:
- набивање, глаг. им. ср.
- (се) набива, глаг. несв. (се) набиваат
- се ~ набие, Се нагмечи, се повреди. Копајќи, ми се набила раката. Јаболката се набиле во торбата.
Оригинални податоци:
набие, набијат; набиј, набијте; набив, набија; набил; (ќе) набиев, (ќе) набиеја; (ќе) набиел; набиен св. 1. Настега, израмни со тапкање, со газење. Добро ја наби земјата околу коренот. 2. Нагмечи, повреди со притисок, со удар. Чевелот му ја набил ногата. Ме набиваат чевлите. 3. Закачи, набоде со удирање. Крај патот набија колци за ограда. ● се ~ Се нагмечи, се повреди. Копајќи, ми се набила раката. Јаболката се набиле во торбата. ‖ (се) набива, (се) набиваат несв. ‖ глаг. им. набивање ср.