набљудува
Спореди: посматра.
Значење на набљудува:
1. Внимателно гледа некого или нешто. Ја набљудуваше додека излегуваше од продавницата. Го набљудуваше метежот на улицата.
2. Иследува, проучува. Ги набљудува промените во однесувањето на болните. Ги набљудува појавите на раслојување на општеството.
3. Надгледува, следи нечија работа, нечие однесување, некој настан. Го набљудува секој негов чекор, секоја негова постапка. Оттаму ја набљудуваме целата линија на фронтот. Неколку нивни претставници го набљудуваа спроведувањето на изборите.
Коњугација: набљудуваат.
Изведени зборови:
- набљудување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
набљудува, набљудуваат несв., сп. посматра. 1. Внимателно гледа некого или нешто. Ја набљудуваше додека излегуваше од продавницата. Го набљудуваше метежот на улицата. 2. Иследува, проучува. Ги набљудува промените во однесувањето на болните. Ги набљудува појавите на раслојување на општеството. 3. Надгледува, следи нечија работа, нечие однесување, некој настан. Го набљудува секој негов чекор, секоја негова постапка. Оттаму ја набљудуваме целата линија на фронтот. Неколку нивни претставници го набљудуваа спроведувањето на изборите. ‖ глаг. им. набљудување ср.