набоде
Значење на набоде:
1. Закачи на повеќе места шилести предмети (колци, игли и др.). Набоде неколку колци на меѓата.
2. Со бодење земе нешто. Со мака ја набоде маслинката.
3. Прободе, нанесе удар, повреди со бодење. Го набоде со бајонет.
4. Надене на нешто. Набоде на ражен. Набоде на кол.
Коњугација: (ќе) набодеа , (ќе) набодев , (ќе) набодел , набодат , набоден, набодете , набоди , набодоа , набодов , набол .
Изведени зборови:
- набодување, глаг. им. ср.
- се ~ набоде, Си закачи нешто. Се набоде на трн.
- (се) набодува, глаг. несв. (се) набодуваат
Оригинални податоци:
набоде, набодат; набоди, набодете; набодов, набодоа; набол; (ќе) набодев, (ќе) набодеа; (ќе) набодел; набоден св. 1. Закачи на повеќе места шилести предмети (колци, игли и др.). Набоде неколку колци на меѓата. 2. Со бодење земе нешто. Со мака ја набоде маслинката. 3. Прободе, нанесе удар, повреди со бодење. Го набоде со бајонет. 4. Надене на нешто. Набоде на ражен. Набоде на кол. ● се ~ Си закачи нешто. Се набоде на трн. ‖ (се) набодува, (се) набодуваат несв. ‖ глаг. им. набодување ср.