набразди

Глагол, свршен

Значење на набразди:

1. Направи бразди при обработка на земјиште.

2. (прен.) Добие брчки. Длабоки брчки му го набраздија челото.

Коњугација: набраздат.

Изведени зборови:

  • набраздување, глаг. им. ср.
  • се ~ набразди, Се набрчка. Лицето му се набраздило.
  • (се) набраздува, глаг. несв. (се) набраздуваат

Оригинални податоци:

набразди, набраздат св. 1. Направи бразди при обработка на земјиште. 2. (прен.) Добие брчки. Длабоки брчки му го набраздија челото. ● се ~ Се набрчка. Лицето му се набраздило. ‖ (се) набраздува, (се) набраздуваат несв. ‖ глаг. им. набраздување ср.