набрекне

Глагол, свршен

Значење на набрекне:

1. Набобне, напрегне, прошири. Цврсто ги стегна вилиците, жилите на вратот му набрекнаа. Под тешкиот товар му набрекнаа мускулите.

2. Нарасне, се исполни со сок, со влага и сл. Габите набрекнале на дождот. Набрекнаа зрелите плодови. Нивите набрекнаа од раните дождови. Штиците на влажниот под набрекнаа, се искривија.

Коњугација: (ќе) набрекнеа , (ќе) набрекнев , (ќе) набрекнел, набекнал , набекнат , набрекнаа , набрекнав , набрекнат , набрекнете , набрекни .

Изведени зборови:

  • набрекнува, глаг. несв. набрекнуваат
  • набрекнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

набрекне, набрекнат; набрекни, набрекнете; набрекнав, набрекнаа; набекнал; набекнат; (ќе) набрекнев, (ќе) набрекнеа; (ќе) набрекнел св. 1. Набобне, напрегне, прошири. Цврсто ги стегна вилиците, жилите на вратот му набрекнаа. Под тешкиот товар му набрекнаа мускулите. 2. Нарасне, се исполни со сок, со влага и сл. Габите набрекнале на дождот. Набрекнаа зрелите плодови. Нивите набрекнаа од раните дождови. Штиците на влажниот под набрекнаа, се искривија. ‖ набрекнува, набрекнуваат несв. ‖ глаг. им. набрекнување ср.