наброи
Значење на наброи:
1. Изброи, определи број на нешто, даде определен број пари. Наброја колку делови има механизмот. Ми наброја со колку алатки се служи во работата. Му наброја педесет илјади денари.
2. Наведе, посочи примери, податоци и сл. Како потреба на искажните тврдења наброја неколку примери. Набројаните податоци се покажаа сосема точни. Можеби ќе наброи неколку такви случаи, но не повеќе.
Коњугација: (ќе) наброев , (ќе) наброеја , (ќе) наброел, наброија , наброј , набројаа и наброив , набројав , набројал и наброил , набројан и наброен , набројат , набројте .
Изведени зборови:
- набројува, глаг. несв. набројуваат
- набројување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
наброи, набројат; наброј, набројте; набројав, набројаа и наброив, наброија; набројал и наброил; набројан и наброен; (ќе) наброев, (ќе) наброеја; (ќе) наброел св. 1. Изброи, определи број на нешто, даде определен број пари. Наброја колку делови има механизмот. Ми наброја со колку алатки се служи во работата. Му наброја педесет илјади денари. 2. Наведе, посочи примери, податоци и сл. Како потреба на искажните тврдења наброја неколку примери. Набројаните податоци се покажаа сосема точни. Можеби ќе наброи неколку такви случаи, но не повеќе. ‖ набројува, набројуваат несв. ‖ глаг. им. набројување ср.