начека
Значење на начека:
1. Дочека нешто на раце, в раце, на нога, на гради и сл. Ако не го начекаше на раце, детето ќе се осакатеше. Ја начека топката на глава и ја упати во голот.
2. Најде, сретне, дочека некого со лоша намера. Сакаше да го начека и ненадејно да го нападне. Кога и да е ќе го начекам.
3. Доживее, дочека жив нешто. Ех, што начекавме, човек со човека да не сака да се види. Вие сте млади, ќе начекате подобар живот.
4. Добро дојде, се најде, помогне (обично за пари). Парите од наградата добро го начекаа.
Коњугација: начекаат.
Изведени зборови:
- начекување, глаг. им. ср.
- се ~ начека, 1. При паѓање – се задржи, се помогне. Кога паднал, се начекал на раце. 2. Помине долго време во чекање. Чекајќи го возот, се начекавме. Додека извадив виза, се начекав со денови.
- (се) начекува, глаг. повт. (се) начекуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Начека во тесно (некого) – искористи некого кога е во тешка, безизлезна положба.
Оригинални податоци:
начека, начекаат св. 1. Дочека нешто на раце, в раце, на нога, на гради и сл. Ако не го начекаше на раце, детето ќе се осакатеше. Ја начека топката на глава и ја упати во голот. 2. Најде, сретне, дочека некого со лоша намера. Сакаше да го начека и ненадејно да го нападне. Кога и да е ќе го начекам. 3. Доживее, дочека жив нешто. Ех, што начекавме, човек со човека да не сака да се види. Вие сте млади, ќе начекате подобар живот. 4. Добро дојде, се најде, помогне (обично за пари). Парите од наградата добро го начекаа. ● се ~ 1. При паѓање – се задржи, се помогне. Кога паднал, се начекал на раце. 2. Помине долго време во чекање. Чекајќи го возот, се начекавме. Додека извадив виза, се начекав со денови. ◊ Начека во тесно (некого) – искористи некого кога е во тешка, безизлезна положба. ‖ (се) начекува, (се) начекуваат повт. ‖ глаг. им. начекување ср.