начичка

Глагол, свршен

Значење на начичка:

1. Набоде, закачи многу чички, боцки. Кога стана, виде дека сиот се начичкал.

2. Стави, намести, насади нешто многу наблизу, густо. Во дворот начичкале маси и столови. Многу си ги начичкала цвеќињава, нема да ти растат.

Коњугација: начичкаат.

Изведени зборови:

  • се ~ начичка, 1. Се набоде со чички, боцки. 2. Се насобере густо, во голем број. Небото се начичкало со безброј ѕвезди. Под стреата се начичкаа оси и разни мушички. Немаше каде, сите се начичкаа во една соба.

Оригинални податоци:

начичка, начичкаат св. 1. Набоде, закачи многу чички, боцки. Кога стана, виде дека сиот се начичкал. 2. Стави, намести, насади нешто многу наблизу, густо. Во дворот начичкале маси и столови. Многу си ги начичкала цвеќињава, нема да ти растат. ● се ~ 1. Се набоде со чички, боцки. 2. Се насобере густо, во голем број. Небото се начичкало со безброј ѕвезди. Под стреата се начичкаа оси и разни мушички. Немаше каде, сите се начичкаа во една соба.