начне
Значење на начне:
1. Почне, започне. Подобро да не го начнуваме тој разговор.
2. Почне нешто да троши. Само што ќе ја начнеме платата, и веќе ја нема.
3. Открши, нагризе малку од нешто, оштети малку. Не сакаше да го начне лебот. Јаболкото само го начна и го остави.
Коњугација: (ќе) начнеа , (ќе) начнев , (ќе) начнел, начнаа , начнав , начнал , начнат , начнат , начнете , начни .
Изведени зборови:
- начнува, глаг. несв. начнуваат
- начнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
начне, начнат; начни, начнете; начнав, начнаа; начнал; начнат; (ќе) начнев, (ќе) начнеа; (ќе) начнел св. 1. Почне, започне. Подобро да не го начнуваме тој разговор. 2. Почне нешто да троши. Само што ќе ја начнеме платата, и веќе ја нема. 3. Открши, нагризе малку од нешто, оштети малку. Не сакаше да го начне лебот. Јаболкото само го начна и го остави. ‖ начнува, начнуваат несв. ‖ глаг. им. начнување ср.