над
Значење на над:
1. Со пространствено значење: а) место што е погоре, повисоко од означениот предмет. Над самото село почнуваше густа дабова шума. б) од горната страна на нешто. Над вратата беше закачен свадбен венец.
2. Количествен признак, повеќе од нешто. На средбата учествуваа над сто научни работници. Се очекува температурата да се искачи над триесеттиот степен.
3. (прен.) Нешто што треба да има предност, да се претпочита. Каде и да сме, љубовта кон Македонија треба да ни биде над сè.
4. Особина од највисок степен, при споредба на две исти именки. Тој беше мајстор над мајсторите. Со некои карактеристики потсетува на библиската Песна над песните.
5. Објект врз кој е насочено, сосредоточено дејството. Го затекнавме задлабочен над ракописот на новиот роман.
6. (прен.) Надмоќ, превласт, управување и сл. на некој врз некого или нешто. Со својата трудољубивост и чесност се наметна над сите.
Оригинални податоци:
над предл. 1. Со пространствено значење: а) место што е погоре, повисоко од означениот предмет. Над самото село почнуваше густа дабова шума. б) од горната страна на нешто. Над вратата беше закачен свадбен венец. 2. Количествен признак, повеќе од нешто. На средбата учествуваа над сто научни работници. Се очекува температурата да се искачи над триесеттиот степен. 3. (прен.) Нешто што треба да има предност, да се претпочита. Каде и да сме, љубовта кон Македонија треба да ни биде над сè. 4. Особина од највисок степен, при споредба на две исти именки. Тој беше мајстор над мајсторите. Со некои карактеристики потсетува на библиската Песна над песните. 5. Објект врз кој е насочено, сосредоточено дејството. Го затекнавме задлабочен над ракописот на новиот роман. 6. (прен.) Надмоќ, превласт, управување и сл. на некој врз некого или нешто. Со својата трудољубивост и чесност се наметна над сите.