над-
Значење на над-:
(нат- пред безвучна согласка) Глаголите со оваа претставка најчесто значат: а) дејство што надминува, надвишува исто такво друго дејство во однос на брзина, времетраење, квалитет, степен и сл. (надвика, надгласа, надживее, наттрча, натпее, натпие, натфрли), б) извршување на дејство над нешто, одозгора (надвисне, надлета, наднесе, наткрили). Кај именските зборови означува: а) објект што е продолжение или се наоѓа врз тоа што е именувано со основниот збор (надградба, надвозник), б) лице или институција од повисок ранг во однос на означеното во основата (надвојвода, надбискуп, надбискупија), в) определба дека нешто се наоѓа повисоко, погоре од нешто (надбубрежен, надморски, надземен, надгробен), г) признак во определена мера (натпросечен, натчовечки), д) дека нешто не зависи, не е обусловено од означеното во основата (наднационален, натпартиски).Оригинални податоци:
над- (нат- пред безвучна согласка). Глаголите со оваа претставка најчесто значат: а) дејство што надминува, надвишува исто такво друго дејство во однос на брзина, времетраење, квалитет, степен и сл. (надвика, надгласа, надживее, наттрча, натпее, натпие, натфрли), б) извршување на дејство над нешто, одозгора (надвисне, надлета, наднесе, наткрили). Кај именските зборови означува: а) објект што е продолжение или се наоѓа врз тоа што е именувано со основниот збор (надградба, надвозник), б) лице или институција од повисок ранг во однос на означеното во основата (надвојвода, надбискуп, надбискупија), в) определба дека нешто се наоѓа повисоко, погоре од нешто (надбубрежен, надморски, надземен, надгробен), г) признак во определена мера (натпросечен, натчовечки), д) дека нешто не зависи, не е обусловено од означеното во основата (наднационален, натпартиски).