нададе

Глагол, свршен

Значење на нададе:

1. Додаде, придаде, продолжи нешто. Го нададе малку фустанот. Го нададе јажето за да стигне.

2. Издаде нанапред дел од телото или од некоја целсот. Ја нададе главата од прозорецот. Се покажа на врата со мевот нададен и со цигара в уста. Под нададените стреи висеа низи пиперки.

3. Даде многу нешта. Бабата им нададе од сè што се родило во овоштарникот. Многу благослови нададе додека се разделувавме со синот.

Коњугација: (ќе) нададеа , (ќе) нададев , (ќе) нададел , нададат , нададен, нададоа , нададов , надај , надајте , надал .

Изведени зборови:

  • надавање, глаг. им. ср.
  • (се) надава, глаг. несв. (се) надаваат
  • се ~ нададе, 1. сп. нададе 3. Се нададе многу пари за лекување. 2. Се навика некому. Му се нададе сè што ѝ дојде до уста.

Фразеолошки израз / поговорка:

Нададе вик – почне да вика. Нададе уши – внимателно се вслуша.

Оригинални податоци:

нададе, нададат; надај, надајте; нададов, нададоа; надал; (ќе) нададев, (ќе) нададеа; (ќе) нададел; нададен св. 1. Додаде, придаде, продолжи нешто. Го нададе малку фустанот. Го нададе јажето за да стигне. 2. Издаде нанапред дел од телото или од некоја целсот. Ја нададе главата од прозорецот. Се покажа на врата со мевот нададен и со цигара в уста. Под нададените стреи висеа низи пиперки. 3. Даде многу нешта. Бабата им нададе од сè што се родило во овоштарникот. Многу благослови нададе додека се разделувавме со синот. ● се ~ 1. сп. нададе 3. Се нададе многу пари за лекување. 2. Се навика некому. Му се нададе сè што ѝ дојде до уста. ◊ Нададе вик – почне да вика. Нададе уши – внимателно се вслуша. ‖ (се) надава, (се) надаваат несв. ‖ глаг. им. надавање ср.