наддаде
Значење на наддаде:
1. Даде повеќе отколку што треба, отколку што е определено. Му наддадов некој денар.
2. Даде повеќе отколку што дал некој друг, обично при наддавање.
Коњугација: (ќе) наддадеа , (ќе) наддадев , (ќе) наддадел , наддадат , наддаден, наддадоа , наддадов , наддај , наддајте , наддал .
Изведени зборови:
- наддава, глаг. несв. наддаваат ● се ~ Учествува во наддавање; сп. наддавање 2.
Оригинални податоци:
наддаде, наддадат; наддај, наддајте; наддадов, наддадоа; наддал; (ќе) наддадев, (ќе) наддадеа; (ќе) наддадел; наддаден св. 1. Даде повеќе отколку што треба, отколку што е определено. Му наддадов некој денар. 2. Даде повеќе отколку што дал некој друг, обично при наддавање. ‖ наддава, наддаваат несв. ● се ~ Учествува во наддавање; сп. наддавање 2.