надене

Глагол, свршен

Значење на надене:

Набоде, закачи на остар предмет. Го надена месото на ражен. Се мачеше да ја надене маслинката со виљушка.

Коњугација: (ќе) наденеа , (ќе) наденев , (ќе) наденел , наденаа , наденав , наденал , наденат , наденат , наденет, наденете , надени .

Изведени зборови:

  • наденување, глаг. им. ср.
  • се ~ надене, Се набоде, се закачи на нешто. На летвата имало шајка, па се наденал на неа.
  • (се) наденува, глаг. несв. (се) наденуваат

Оригинални податоци:

надене, наденат; надени, наденете; наденав, наденаа; наденал; наденат; (ќе) наденев, (ќе) наденеа; (ќе) наденел; наденет св. Набоде, закачи на остар предмет. Го надена месото на ражен. Се мачеше да ја надене маслинката со виљушка. ● се ~ Се набоде, се закачи на нешто. На летвата имало шајка, па се наденал на неа. ‖ (се) наденува, (се) наденуваат несв. ‖ глаг. им. наденување ср.