надева се

Глагол, несвршен

Значење на надева се:

1. Има надеж дека нешто ќе се случи, ќе биде како што се посакува. Се надева дека брзо ќе се вратат. Се надева дека брзо ќе победат. Се надевавме на подобро време.

2. Смета на некого, очекува од некого. Надевајте се на него, ама и вие помачете се. Многу се надевав на него. Ние на тебе се надевавме, немаме друг.

3. Со кратка заменска форма за индиректен предмет: му и др. Очекува некого да дојде. И на Велигден, кога му се надевавме, не дојде. Им се надевав на роденденот. Кога не ѝ се надевав, дојде.

Коњугација: се надеваат.

Изведени зборови:

  • надевање, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Човек се надева додека е жив (посл.).

Оригинални податоци:

надева се, се надеваат несв. 1. Има надеж дека нешто ќе се случи, ќе биде како што се посакува. Се надева дека брзо ќе се вратат. Се надева дека брзо ќе победат. Се надевавме на подобро време. 2. Смета на некого, очекува од некого. Надевајте се на него, ама и вие помачете се. Многу се надевав на него. Ние на тебе се надевавме, немаме друг. 3. Со кратка заменска форма за индиректен предмет: му и др. Очекува некого да дојде. И на Велигден, кога му се надевавме, не дојде. Им се надевав на роденденот. Кога не ѝ се надевав, дојде. ◊ Човек се надева додека е жив (посл.). ‖ глаг. им. надевање ср.