надградба

Именка, женски род

Значење на надградба:

1. Тоа што е надградено на веќе изграден објект. Дозвола за надградба.

2. (прен.) Тоа што се додава кон нешто што се има, што постои. Постојана надградба на знаењата на учениците.

3. Дел од општествената структура што ги опфаќа дејностите и формите на организирање, негување и развивање на културните и на цивилизациските потреби на општеството.

Множина: надградби.

Оригинални податоци:

надградба, мн. надградби ж. 1. Тоа што е надградено на веќе изграден објект. Дозвола за надградба. 2. (прен.) Тоа што се додава кон нешто што се има, што постои. Постојана надградба на знаењата на учениците. 3. Дел од општествената структура што ги опфаќа дејностите и формите на организирање, негување и развивање на културните и на цивилизациските потреби на општеството.