надигне
Значење на надигне:
1. Дигне, крене, поткрене. Ја надигна главата да може да гледа. Војникот ја надигна пушката да нанишани. Ја надигна раката да удри.
2. Одгледа, накрене, осамостои некого. Него чичко му го надигна.
3. Наземе, изнакупи многу нешта. Што си надигнал сè наеднаш. Лесно е да се надигнеш, ама потешко е да платиш.
Конјугација: (ќе) надигнеа , (ќе) надигнев , (ќе) надигнел, надигнаа , надигнав , надигнал , надигнат , надигнат , надигнете , надигни .
Изведени зборови:
- глаг. несв. (се) надига, (се) надигаат / (се) надигнува, (се) надигнуваат
- (се) надигнува, (се) надигнуваат VERB_INF
- надигање, глаг. им. ср.
- се ~ надигне, 1. По доживеана слабост (болест, морален, материјален пад и сл.) си ја врати состојбата, се накрене, закрепне. 2. Стане премногу горд, се вообрази. Со првиот успех се надигна, збор не му се кажува. 3. Се крене високо, се извиши. Маглата се надигна. Дувна ветар и се надигнаа пеплишта.
Оригинални податоци:
надигне, надигнат; надигни, надигнете; надигнав, надигнаа; надигнал; надигнат; (ќе) надигнев, (ќе) надигнеа; (ќе) надигнел св. 1. Дигне, крене, поткрене. Ја надигна главата да може да гледа. Војникот ја надигна пушката да нанишани. Ја надигна раката да удри. 2. Одгледа, накрене, осамостои некого. Него чичко му го надигна. 3. Наземе, изнакупи многу нешта. Што си надигнал сè наеднаш. Лесно е да се надигнеш, ама потешко е да платиш. ● се ~ 1. По доживеана слабост (болест, морален, материјален пад и сл.) си ја врати состојбата, се накрене, закрепне. 2. Стане премногу горд, се вообрази. Со првиот успех се надигна, збор не му се кажува. 3. Се крене високо, се извиши. Маглата се надигна. Дувна ветар и се надигнаа пеплишта. ‖ (се) надига, (се) надигаат / (се) надигнува, (се) надигнуваат несв. ‖ глаг. им. надигање ср.