надитри

Глагол, свршен

Значење на надитри:

Се покаже поитар од некого, со итрина добие нешто. Го надитрил и му ги зел парите.

Коњугација: надитрат.

Изведени зборови:

  • надитрува, глаг. несв. надитруваат повт. ● се ~ Се натпреварува со некого во итрина. Откако ги има на земјава, мачорот и глушецот се надитруваат.
  • надитрување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

надитри, надитрат св. Се покаже поитар од некого, со итрина добие нешто. Го надитрил и му ги зел парите. ‖ надитрува, надитруваат повт. ● се ~ несв. Се натпреварува со некого во итрина. Откако ги има на земјава, мачорот и глушецот се надитруваат. ‖ глаг. им. надитрување ср.