надмине

Глагол, свршен

Значење на надмине:

1. При движење (одење, возење) престигне, остави зад себе некого или нешто.

2. Натпревари, постигне повеќе од друг, се покаже во поизразена мера. Ученикот го надминал својот учител. Храброста негова никој не ја надминал. Сегашната цена на лебот ја надмина минатогодишната. Автомобилскиот сообраќај го надмина железничкиот.

3. Превозмогне, преодолее. Ги надмина сите тешкотии. И последната пречка е надмината. Го надмина својот страв и упорно продолжи.

Коњугација: (ќе) надминеа , (ќе) надминев , (ќе) надминел, надминаа , надминав , надминал , надминат , надминат , надминете , надмини .

Изведени зборови:

  • надминува, глаг. несв. надминуваат
  • надминување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

надмине, надминат; надмини, надминете; надминав, надминаа; надминал; надминат; (ќе) надминев, (ќе) надминеа; (ќе) надминел св. 1. При движење (одење, возење) престигне, остави зад себе некого или нешто. 2. Натпревари, постигне повеќе од друг, се покаже во поизразена мера. Ученикот го надминал својот учител. Храброста негова никој не ја надминал. Сегашната цена на лебот ја надмина минатогодишната. Автомобилскиот сообраќај го надмина железничкиот. 3. Превозмогне, преодолее. Ги надмина сите тешкотии. И последната пречка е надмината. Го надмина својот страв и упорно продолжи. ‖ надминува, надминуваат несв. ‖ глаг. им. надминување ср.