надојде
Значење на надојде:
1. Дојде, се насобере во голем број. Надојде народ од сите страни. Во селото надојдоа бегалци и војници.
2. Нарасне, дотече (за води); дојде, се појави во поголема мера. Надошле реките и ја однесле несобраната летина. Не знаеја од која страна ќе надојдат водите. Одеднаш му надојде сила да се спротиви. Пролетта веќе надојде. Му надојдоа секавични мисли.
Коњугација: (ќе) надојдеа , (ќе) надојдел , (ќе) надојдеше , надојдат , надојде , надојден, надојдете , надојди , надојдоа , надошле , надошол .
Изведени зборови:
- глаг. несв. надоаѓа, надоаѓаат / надојдува, надојдуваат
- глаг. им. ср. надоаѓање / надојдување
- надојдува, надојдуваат VERB_INF
- и. ср. надојдување NOUNN
Оригинални податоци:
надојде, надојдат; надојди, надојдете; надојде, надојдоа; надошол, надошле; (ќе) надојдеше, (ќе) надојдеа; (ќе) надојдел; надојден св. 1. Дојде, се насобере во голем број. Надојде народ од сите страни. Во селото надојдоа бегалци и војници. 2. Нарасне, дотече (за води); дојде, се појави во поголема мера. Надошле реките и ја однесле несобраната летина. Не знаеја од која страна ќе надојдат водите. Одеднаш му надојде сила да се спротиви. Пролетта веќе надојде. Му надојдоа секавични мисли. ‖ надоаѓа, надоаѓаат / надојдува, надојдуваат несв. ‖ глаг. им. надоаѓање / надојдување ср.