надуе

Глагол, свршен

Значење на надуе:

1. Со дуење исполни нешто со воздух. Надуе гајда. Надуе балон. Надуе автомобилска гума.

2. Зголеми обем, напне, исполни. Го надул мевот. Ги наду образите.

Коњугација: (ќе) надуев , (ќе) надуеја , (ќе) надуел , надув , надуен, надуј , надуја , надујат , надујте , надул .

Изведени зборови:

  • надување, глаг. им. ср.
  • (се) надува, глаг. несв. (се) надуваат
  • се ~ надуе, 1. Се зголеми, се преполни. Мевот му се надул. Жилите му се надуја. Се наду со сокови. 2. (прен.) Се вообрази, стане премногу горд. 3. (прен.) Се намурти, се налути.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ја наду гајдата – почна да плаче (обично за дете).

Оригинални податоци:

надуе, надујат; надуј, надујте; надув, надуја; надул; (ќе) надуев, (ќе) надуеја; (ќе) надуел; надуен св. 1. Со дуење исполни нешто со воздух. Надуе гајда. Надуе балон. Надуе автомобилска гума. 2. Зголеми обем, напне, исполни. Го надул мевот. Ги наду образите. ● се ~ 1. Се зголеми, се преполни. Мевот му се надул. Жилите му се надуја. Се наду со сокови. 2. (прен.) Се вообрази, стане премногу горд. 3. (прен.) Се намурти, се налути. ◊ Ја наду гајдата – почна да плаче (обично за дете). ‖ (се) надува, (се) надуваат несв. ‖ глаг. им. надување ср.