надвика

Глагол, свршен

Значење на надвика:

Со викање надвие некого или нешто (врева, глас и др.). Сфати дека не може да ги надвика сите. Неговиот глас никој не можеше да го надвика. Неговиот силен глас ја надвика вревата.

Коњугација: надвикаат.

Изведени зборови:

  • надвикува, глаг. несв. надвикуваат од надвика. ● се ~ Се натпреварува во викање, вика посилно од друг. Продавачите на весници се надвикуваа. Пеат и се надвикуваат.
  • надвикување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

надвика, надвикаат св. Со викање надвие некого или нешто (врева, глас и др.). Сфати дека не може да ги надвика сите. Неговиот глас никој не можеше да го надвика. Неговиот силен глас ја надвика вревата. ‖ надвикува, надвикуваат несв. од надвика. ● се ~ Се натпреварува во викање, вика посилно од друг. Продавачите на весници се надвикуваа. Пеат и се надвикуваат. ‖ глаг. им. надвикување ср.