надвиши

Глагол, свршен

Значење на надвиши:

1. Надмине некого или нешто во висина. Најмладиот сите ги надвиши по раст. Перуниките ја надвишија камената меѓа. Чадот се крена и ги надвиши буките.

2. (прен.) Надмине во нешто, во некое обележје. Неговиот глас го надвиши тропањето на тркалата. Никој не можеше да го надвиши во сметањето.

Коњугација: надвишат.

Изведени зборови:

  • надвишува, глаг. несв. надвишуваат
  • надвишување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

надвиши, надвишат св. Надмине некого или нешто во висина. Најмладиот сите ги надвиши по раст. Перуниките ја надвишија камената меѓа. Чадот се крена и ги надвиши буките. 2. (прен.) Надмине во нешто, во некое обележје. Неговиот глас го надвиши тропањето на тркалата. Никој не можеше да го надвиши во сметањето. ‖ надвишува, надвишуваат несв. ‖ глаг. им. надвишување ср.