надвисне (се)

Глагол, свршен

Значење на надвисне (се):

1. Виси над нешто, се најде над нешто. Над речниот брег (се) надвиснале стари врби. Капините (се) надвиснале над патот. Сиви облаци (се) надвиснаа над градот. Месечината (се) надвисна над езерото.

2. Се наведне над некого, над нешто. Мајката (се) надвисна над расплаканото девојче. (Се) надвисна над прозорецот. Двајцата (се) надвиснаа преку кајчето.

3. Се наоѓа, е изграден сосема близу нешто, над нешто. Карпите (се) надвиснале над патот. Новата зграда што (се) надвисна над реката ни го затвори погледот.

4. (прен.) Се закани, навести нешто непријатно, лошо. Над нив (се) надвисна опасност од болест. Над работниците (се) надвисна страв дека ќе бидат отпуштени од работа.

Коњугација: (се) надвиснат.

Изведени зборови:

  • надвиснување, глаг. им. ср.
  • (се) надвиснува, глаг. несв. (се) надвиснуваат

Оригинални податоци:

надвисне (се), (се) надвиснат св. 1. Виси над нешто, се најде над нешто. Над речниот брег (се) надвиснале стари врби. Капините (се) надвиснале над патот. Сиви облаци (се) надвиснаа над градот. Месечината (се) надвисна над езерото. 2. Се наведне над некого, над нешто. Мајката (се) надвисна над расплаканото девојче. (Се) надвисна над прозорецот. Двајцата (се) надвиснаа преку кајчето. 3. Се наоѓа, е изграден сосема близу нешто, над нешто. Карпите (се) надвиснале над патот. Новата зграда што (се) надвисна над реката ни го затвори погледот. 4. (прен.) Се закани, навести нешто непријатно, лошо. Над нив (се) надвисна опасност од болест. Над работниците (се) надвисна страв дека ќе бидат отпуштени од работа. ‖ (се) надвиснува, (се) надвиснуваат несв. ‖ глаг. им. надвиснување ср.