наѕре

Глагол, свршен

Значење на наѕре:

1. Ѕирне, погледне низ некоја теснина и сл. Вратата се подотвори, и таа наѕре во собата.

2. Погледне, фрли поглед на нешто. Наѕре од скалите надолу. Отиде да наѕре кај портата. Наѕри го огнот да не угасне.

3. Види, посети на кратко. Отиде да ја наѕре сестрата со децата.

Конјугација: наѕрат , наѕреа , наѕрев , наѕрел , наѕрен, наѕрете , наѕри .

Оригинални податоци:

наѕре, наѕрат; наѕри, наѕрете; наѕрев, наѕреа; наѕрел; наѕрен св. 1. Ѕирне, погледне низ некоја теснина и сл. Вратата се подотвори, и таа наѕре во собата. 2. Погледне, фрли поглед на нешто. Наѕре од скалите надолу. Отиде да наѕре кај портата. Наѕри го огнот да не угасне. 3. Види, посети на кратко. Отиде да ја наѕре сестрата со децата.