наежави се

Глагол, свршен

Значење на наежави се:

1. За коса, влакна на кожата – се крене, се подигне од студ, од страв и сл., се накостреши. Кожата му се наежави. Сиот се наежави од страв.

2. (прен.) Се наостри за борба, за напад. Наежавени стоеја еден спроти друг, закрвавени во очите. Мачките само се наежавија и се разбегаа. Наеднаш јурнаа црните наежавени бикови.

Коњугација: се наежават.

Изведени зборови:

  • наежавеност, и. ж.
  • се наежавува, глаг. несв. се наежавуваат

Оригинални податоци:

наежави се, се наежават св. 1. За коса, влакна на кожата – се крене, се подигне од студ, од страв и сл., се накостреши. Кожата му се наежави. Сиот се наежави од страв. 2. (прен.) Се наостри за борба, за напад. Наежавени стоеја еден спроти друг, закрвавени во очите. Мачките само се наежавија и се разбегаа. Наеднаш јурнаа црните наежавени бикови. ‖ се наежавува, се наежавуваат несв. ‖ наежавеност ж.