нафрли

Глагол, свршен

Значење на нафрли:

1. Со фрлање натрупа нешто на едно место или фрли, расфрли во поголемо количество. Да ги нафрлиме дрвата, после ќе ги наредиме. Ги пушти во двор гулабите и им нафрли храна.

2. (прен.) Набележи или изложи нешто во општи црти. Да ги нафрлиме поважните точки на извештајот, потоа ќе ги обработиме. Во своето излагање нафрли само некои од причините за неуспехот.

Коњугација: нафрлат.

Изведени зборови:

  • нафрлање, глаг. им. ср.
  • (се) нафрла, глаг. несв. (се) нафрлаат
  • се ~ нафрли, 1. Нападне некого физички или со зборови, со закани и сл. Двајцата се нафрлија на него и му ги врзаа рацете. Се нафрлил на обвинетиот со секакви клевети. Му се нафрли со навреди и пцости. 2. Се втурне некаде, изврши напад, грабеж и сл. Војниците се нафрлија на селото од сите страни. Толпата се нафрли да ги ограбува дуќаните. 3. (прен.) сп. напрати се.

Оригинални податоци:

нафрли, нафрлат св. 1. Со фрлање натрупа нешто на едно место или фрли, расфрли во поголемо количество. Да ги нафрлиме дрвата, после ќе ги наредиме. Ги пушти во двор гулабите и им нафрли храна. 2. (прен.) Набележи или изложи нешто во општи црти. Да ги нафрлиме поважните точки на извештајот, потоа ќе ги обработиме. Во своето излагање нафрли само некои од причините за неуспехот. ● се ~ 1. Нападне некого физички или со зборови, со закани и сл. Двајцата се нафрлија на него и му ги врзаа рацете. Се нафрлил на обвинетиот со секакви клевети. Му се нафрли со навреди и пцости. 2. Се втурне некаде, изврши напад, грабеж и сл. Војниците се нафрлија на селото од сите страни. Толпата се нафрли да ги ограбува дуќаните. 3. (прен.) сп. напрати се. ‖ (се) нафрла, (се) нафрлаат несв. ‖ глаг. им. нафрлање ср.