нагази

Глагол, свршен

Значење на нагази:

1. Одејќи, згазне на нешто. Нагазил на стакло. Нагазил во кал. Нагазил змија, и го каснала. Нагазил на мина.

2. Со газење набие, израмни.

3. (прен.) Случајно, ненамерно сретне некого, нешто (некоја незгода и сл.). Нагази на тој што не го видел со години. Нагазија на потера. Од едни избега, на други нагази. Нагазил некоја болест.

4. (прен.) Дојде во посета непоканет, неочекуван. Секоја недела ќе ги нагазеше барем двапати. Ме нагазија гости.

Коњугација: нагазат.

Изведени зборови:

  • нагазување, глаг. им. ср.
  • се ~ нагази, Помине долго време во газење. Се нагазивме кал.
  • (се) нагазува, глаг. несв. (се) нагазуваат

Оригинални податоци:

нагази, нагазат св. 1. Одејќи, згазне на нешто. Нагазил на стакло. Нагазил во кал. Нагазил змија, и го каснала. Нагазил на мина. 2. Со газење набие, израмни. 3. (прен.) Случајно, ненамерно сретне некого, нешто (некоја незгода и сл.). Нагази на тој што не го видел со години. Нагазија на потера. Од едни избега, на други нагази. Нагазил некоја болест. 4. (прен.) Дојде во посета непоканет, неочекуван. Секоја недела ќе ги нагазеше барем двапати. Ме нагазија гости. ● се ~ Помине долго време во газење. Се нагазивме кал. ‖ (се) нагазува, (се) нагазуваат несв. ‖ глаг. им. нагазување ср.