наглоти
Значење на наглоти:
1. Влезе прав, нечистотија (во очите), нараси. Ветриштата ни ги наглотија очите.
2. Загади храна, просторија со глотки, со глотеж. Го наглоти млекото.
Коњугација: наглотат.
Изведени зборови:
- се ~ наглоти, Се загади со глотки, со глотеж. Млекото се наглотило, сте го оставиле отворено.
Оригинални податоци:
наглоти, наглотат св. 1. Влезе прав, нечистотија (во очите), нараси. Ветриштата ни ги наглотија очите. 2. Загади храна, просторија со глотки, со глотеж. Го наглоти млекото. ● се ~ Се загади со глотки, со глотеж. Млекото се наглотило, сте го оставиле отворено.