нагнете
Значење на нагнете:
1. Нагмечи, настиска, напика, преисполни. Го нагнете кошот со тутун. Го нагнете куферот со сè и сешто. Вагоните беа нагнетени со патници.
2. (прен., пејор.) Прејаде, пренасити некого. Полека, го нагнете детето.
Коњугација: (ќе) нагнетеа , (ќе) нагнетев , (ќе) нагнетел , нагнел , нагнетат , нагнетен, нагнетете , нагнети , нагнетоа , нагнетов .
Изведени зборови:
- нагнетување, глаг. им. ср.
- се ~ нагнете, Се прејаде, се преоптовари со јадење. Ама се нагнете грав.
- (се) нагнетува, глаг. несв. (се) нагнетуваат
Оригинални податоци:
нагнете, нагнетат; нагнети, нагнетете; нагнетов, нагнетоа; нагнел; (ќе) нагнетев, (ќе) нагнетеа; (ќе) нагнетел; нагнетен св. 1. Нагмечи, настиска, напика, преисполни. Го нагнете кошот со тутун. Го нагнете куферот со сè и сешто. Вагоните беа нагнетени со патници. 2. (прен., пејор.) Прејаде, пренасити некого. Полека, го нагнете детето. ● се ~ Се прејаде, се преоптовари со јадење. Ама се нагнете грав. ‖ (се) нагнетува, (се) нагнетуваат несв. ‖ глаг. им. нагнетување ср.