нагнои
Значење на нагнои:
1. Стави, фрли гној на нива, на обработливо земјиште, наѓубри со гној. Ја нагноивме добро нивата. Овците лежеа на нивата, добро ја нагноиле.
2. Почне да гнои. Раната нагноила.
Коњугација: (ќе) нагноев , (ќе) нагноеја , (ќе) нагноел, нагноија , нагној , нагнојаа и нагноив , нагнојав , нагнојал и нагноил , нагнојан и нагноен , нагнојат , нагнојте .
Изведени зборови:
- нагнојува, глаг. несв. нагнојуваат
- нагнојување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
нагнои, нагнојат; нагној, нагнојте; нагнојав, нагнојаа и нагноив, нагноија; нагнојал и нагноил; нагнојан и нагноен; (ќе) нагноев, (ќе) нагноеја; (ќе) нагноел св. 1. Стави, фрли гној на нива, на обработливо земјиште, наѓубри со гној. Ја нагноивме добро нивата. Овците лежеа на нивата, добро ја нагноиле. 2. Почне да гнои. Раната нагноила. ‖ нагнојува, нагнојуваат несв. ‖ глаг. им. нагнојување ср.