нагоди
Значење на нагоди:
1. Намести на соодветно место, уреди, дотера. Не можам да го нагодам овој дел. Го нагоди нишанот на пушката за поголема далечина. Стана, си ја нагоди облеката и излезе.
2. Направи според желбата, според барањето на друг. Тешко нему можеш да му нагодиш.
Коњугација: нагодат.
Изведени зборови:
- нагодување, глаг. им. ср.
- се ~ нагоди, Се договори, се спогоди, се усогласи со некого. По толку пазарење, одвај се нагодија за цената.
- (се) нагодува, глаг. несв. (се) нагодуваат 1. од (се) нагоди. 2. сп. нагаѓа. Таа почна да нагодува кој можел да биде докторот и која балерината.
Оригинални податоци:
нагоди, нагодат св. 1. Намести на соодветно место, уреди, дотера. Не можам да го нагодам овој дел. Го нагоди нишанот на пушката за поголема далечина. Стана, си ја нагоди облеката и излезе. 2. Направи според желбата, според барањето на друг. Тешко нему можеш да му нагодиш. ● се ~ Се договори, се спогоди, се усогласи со некого. По толку пазарење, одвај се нагодија за цената. ‖ (се) нагодува, (се) нагодуваат 1. несв. од (се) нагоди. 2. сп. нагаѓа. Таа почна да нагодува кој можел да биде докторот и која балерината. ‖ глаг. им. нагодување ср.