нагол
Значење на нагол:
Што се јавува, што се случува многу брзо, ненадејно, без постапност. Нагол пад од првото на последното место. Нагла промена. Нагло поскапување. Наглото претворање на игралиштето во пазариште сите ги изненади. Нагли социјални промени.Членувана форма: наглиот.
Изведени зборови:
- нагло, прил. 1. Многу брзо. Бојата на кожата нагло му се менуваше. Расположението нагло растеше. Почна нагло да се раззеленува. 2. Наеднаш, во еден момент. Нагло се отворија двете поли на портата. Зачекори и нагло застана. Автобусот нагло тргна и сите испопаѓаа. Нагло се сврте. Нагло стана.
- наглост, и. ж.
Оригинални податоци:
нагол, наглиот прид. Што се јавува, што се случува многу брзо, ненадејно, без постапност. Нагол пад од првото на последното место. Нагла промена. Нагло поскапување. Наглото претворање на игралиштето во пазариште сите ги изненади. Нагли социјални промени. ‖ нагло прил. 1. Многу брзо. Бојата на кожата нагло му се менуваше. Расположението нагло растеше. Почна нагло да се раззеленува. 2. Наеднаш, во еден момент. Нагло се отворија двете поли на портата. Зачекори и нагло застана. Автобусот нагло тргна и сите испопаѓаа. Нагло се сврте. Нагло стана. ‖ наглост ж.