нагоре

Прилог

Значење на нагоре:

1. Насочено во височина, кон горе. Искрите летаа нагоре. Гулабите се устремија нагоре. Погледна нагоре.

2. Кон повисоко место, кон врвот. Одеа нагоре по падината. Тргна нагоре низ шумата. Со напор се искачуваа нагоре, кон врвот на планината.

3. Кон изворот на реката. По реката нагоре.

Фразеолошки израз / поговорка:

Нагоре-надолу – во разни правци. Војската сновеше нагоре-надолу.

Оригинални податоци:

нагоре прил. 1. Насочено во височина, кон горе. Искрите летаа нагоре. Гулабите се устремија нагоре. Погледна нагоре. 2. Кон повисоко место, кон врвот. Одеа нагоре по падината. Тргна нагоре низ шумата. Со напор се искачуваа нагоре, кон врвот на планината. 3. Кон изворот на реката. По реката нагоре. ◊ Нагоре-надолу – во разни правци. Војската сновеше нагоре-надолу.