наговори
Значење на наговори:
1. Со зборови, со говорење поттикне некого на некаква постапка, да направи нешто. Го наговори брата си да ја продадат куќата.
2. Изнакаже, назборува многу, сешто. Му наговори сè што чул тие денови.
3. Каже нешто во мала мера, поткаже за некоја работа. Тој наговори нешто за продажбата на куќата, ама ништо конкретно не рече.
Коњугација: наговорат.
Изведени зборови:
- наговарање, глаг. им. ср.
- (се) наговара, глаг. несв. (се) наговараат од наговори 1.; се наговори 1.
- се ~ наговори, 1. Се скара малку, се потскара, си рече непријатни зборови со некого. Се наговорил со соседот, па поретко се гледаат. 2. Се изнакаже, се назборува.
Оригинални податоци:
наговори, наговорат св. 1. Со зборови, со говорење поттикне некого на некаква постапка, да направи нешто. Го наговори брата си да ја продадат куќата. 2. Изнакаже, назборува многу, сешто. Му наговори сè што чул тие денови. 3. Каже нешто во мала мера, поткаже за некоја работа. Тој наговори нешто за продажбата на куќата, ама ништо конкретно не рече. ● се ~ 1. Се скара малку, се потскара, си рече непријатни зборови со некого. Се наговорил со соседот, па поретко се гледаат. 2. Се изнакаже, се назборува. ‖ (се) наговара, (се) наговараат несв. од наговори 1.; се наговори 1. ‖ глаг. им. наговарање ср.