нагрби

Глагол, свршен

Значење на нагрби:

1. Крене на грб. Го нагрби пакетот книги.

2. (прен.) Даде некому задача, работа (обично покрупна, потешка). Го нагрбија со многу работа.

Коњугација: нагрбат.

Изведени зборови:

  • нагрбување, глаг. им. ср.
  • се ~ нагрби, 1. Подметне грб, се поднаведне за да стави товар. 2. (прен.) Прими на себе, се задолжи со некоја (обично потешка) задача, работа. Самиот се нагрбив со задолженија.
  • (се) нагрбува, глаг. несв. (се) нагрбуваат

Оригинални податоци:

нагрби, нагрбат св. 1. Крене на грб. Го нагрби пакетот книги. 2. (прен.) Даде некому задача, работа (обично покрупна, потешка). Го нагрбија со многу работа. ● се ~ 1. Подметне грб, се поднаведне за да стави товар. 2. (прен.) Прими на себе, се задолжи со некоја (обично потешка) задача, работа. Самиот се нагрбив со задолженија. ‖ (се) нагрбува, (се) нагрбуваат несв. ‖ глаг. им. нагрбување ср.