нагрди

Глагол, свршен

Значење на нагрди:

1. Направи нешто да стане грдо. Убавото лице болката ѝ го нагрди. Некои нови градби го нагрдија градот.

2. (прен.) Расипе, уништи. Разни загадувачи ја нагрдија животната средина. Правдата е нагрдена со поткуп и нечесност.

Коњугација: нагрдат.

Изведени зборови:

  • нагрдување, глаг. им. ср.
  • се ~ нагрди, Се направи грд на некој начин. Со облеката многу се нагрдил. Се нагрдила со необичната фризура.
  • (се) нагрдува, глаг. несв. (се) нагрдуваат

Оригинални податоци:

нагрди, нагрдат св. 1. Направи нешто да стане грдо. Убавото лице болката ѝ го нагрди. Некои нови градби го нагрдија градот. 2. (прен.) Расипе, уништи. Разни загадувачи ја нагрдија животната средина. Правдата е нагрдена со поткуп и нечесност. ● се ~ Се направи грд на некој начин. Со облеката многу се нагрдил. Се нагрдила со необичната фризура. ‖ (се) нагрдува, (се) нагрдуваат несв. ‖ глаг. им. нагрдување ср.