нагрвали (се)
Значење на нагрвали (се):
1. Надојде, се насобере. Децата (се) нагрвалија во дворот на училиштето. Бегалци (се) нагрвалија по селата.
2. Силно нападне, се нафрли на некого, на нешто. Едни со пушки (се) нагрвалија да го ослободат градот, други со коли (се) нагрвалија да го ограбат. Волци, мршојадци (се) нагрвалија од сите страни.
Коњугација: (се) нагрвалат.
Изведени зборови:
- нагрвалување, глаг. им. ср.
- (се) нагрвалува, глаг. несв. (се) нагрвалуваат
Оригинални податоци:
нагрвали (се), (се) нагрвалат св. 1. Надојде, се насобере. Децата (се) нагрвалија во дворот на училиштето. Бегалци (се) нагрвалија по селата. 2. Силно нападне, се нафрли на некого, на нешто. Едни со пушки (се) нагрвалија да го ослободат градот, други со коли (се) нагрвалија да го ограбат. Волци, мршојадци (се) нагрвалија од сите страни. ‖ (се) нагрвалува, (се) нагрвалуваат несв. ‖ глаг. им. нагрвалување ср.