наиде

Глагол, свршен

Значење на наиде:

1. Дојде во пресрет, намине, се појави. Кога мислев да тргнам, наиде еден пријател и ме задржа малку. Наиде еден странец и прашуваше нешто. Човекот што наиде не го познавам.

2. Неочекувано, случајно сретне некого, најде нешто, се намери на некого, на нешто. Враќајќи се во селото, наидовме на заседа. Во долината наидоа на една напуштена колиба.

Коњугација: (ќе) наидеа , (ќе) наидев , (ќе) наидел , наидат , наиден, наидете , наиди , наидоа , наидов , наишле , наишол .

Изведени зборови:

  • наидува, глаг. несв. наидуваат
  • наидување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

наиде, наидат; наиди, наидете; наидов, наидоа; наишол, наишле; (ќе) наидев, (ќе) наидеа; (ќе) наидел; наиден св. 1. Дојде во пресрет, намине, се појави. Кога мислев да тргнам, наиде еден пријател и ме задржа малку. Наиде еден странец и прашуваше нешто. Човекот што наиде не го познавам. 2. Неочекувано, случајно сретне некого, најде нешто, се намери на некого, на нешто. Враќајќи се во селото, наидовме на заседа. Во долината наидоа на една напуштена колиба. ‖ наидува, наидуваат несв. ‖ глаг. им. наидување ср.