наивен

Придавка

Значење на наивен:

1. Што лесно верува во тоа што ќе му се каже, што ќе чуе, лековерен, неискусен. Наивни деца. Наивно момче.

2. Што се карактеризира со простодушност, лековерност, неопитност. Наивна приказна. Наивна мисла. Наивно прашање. Наивно гледиште. Наивна постапка.

Членувана форма: наивниот.

Изведени зборови:

  • наивно, прил. Наивно му поверува.
  • наивност, и. ж.

Оригинални податоци:

наивен, наивниот прид. 1. Што лесно верува во тоа што ќе му се каже, што ќе чуе, лековерен, неискусен. Наивни деца. Наивно момче. 2. Што се карактеризира со простодушност, лековерност, неопитност. Наивна приказна. Наивна мисла. Наивно прашање. Наивно гледиште. Наивна постапка. ‖ наивно прил. Наивно му поверува. ‖ наивност ж.