најаде
Значење на најаде:
1. Нахрани некого, даде некому доволно да јаде. Ги најаде децата и ги испрати на училиште.
2. Нагризе малку. Само го најаде јаболкото и го фрли. Лебот беше најаден од нешто.
Конјугација: (ќе) најадеа , (ќе) најадев , (ќе) најадел , најадат , најаден, најадете , најади , најадоа , најадов , најал .
Изведени зборови:
- најадување, глаг. им. ср.
- се ~ најаде, Се нахрани, изеде доволно, до ситост. Денеска добро се најадовме. Не ми се јаде повеќе, се најадов.
- (се) најадува, глаг. повт. (се) најадуваат
Оригинални податоци:
најаде, најадат; најади, најадете; најадов, најадоа; најал; (ќе) најадев, (ќе) најадеа; (ќе) најадел; најаден св. 1. Нахрани некого, даде некому доволно да јаде. Ги најаде децата и ги испрати на училиште. 2. Нагризе малку. Само го најаде јаболкото и го фрли. Лебот беше најаден од нешто. ● се ~ Се нахрани, изеде доволно, до ситост. Денеска добро се најадовме. Не ми се јаде повеќе, се најадов. ‖ (се) најадува, (се) најадуваат повт. ‖ глаг. им. најадување ср.