најавне
Значење на најавне:
1. Јавне, се качи на нешто. Ги најавнаа мулињата и тргнаа в град, на пазар.
2. (прен.) Притисне, обземе, се најде во тешка состојба. Страв ми ја најавна душата. Нè најавнаа големи несреќи. Го најавнале тешки грижи. Лоши соништа го најавнале.
Конјугација: (ќе) најавнеа , (ќе) најавнев , (ќе) најавнел, најавнаа , најавнав , најавнал , најавнат , најавнат , најавнете , најавни .
Изведени зборови:
- најавнување, глаг. им. ср.
- се ~ најавне, Се налегне едно врз друго.
- (се) најавнува, глаг. несв. (се) најавнуваат
Оригинални податоци:
најавне, најавнат; најавни, најавнете; најавнав, најавнаа; најавнал; најавнат; (ќе) најавнев, (ќе) најавнеа; (ќе) најавнел св. 1. Јавне, се качи на нешто. Ги најавнаа мулињата и тргнаа в град, на пазар. 2. (прен.) Притисне, обземе, се најде во тешка состојба. Страв ми ја најавна душата. Нè најавнаа големи несреќи. Го најавнале тешки грижи. Лоши соништа го најавнале. ● се ~ Се налегне едно врз друго. ‖ (се) најавнува, (се) најавнуваат несв. ‖ глаг. им. најавнување ср.