најде
Значење на најде:
1. Барајќи, дојде повторно до нешто загубено, или случајно открие нешто. По два дена си ги најде клучовите во дворот. Им направија претрес во куќата, ама ништо не најдоа. Меѓу зафрлените работи на таванот најде стар ракопис.
2. Пронајде, установи, заклучи нешто во резултат на барање, разгледување, истражување, проучување, размислување и сл. Најде работа. Најде решение. Најде одговор. Најде објаснување. Најде причина. Најде оправдување. Најде сили. Најде доказ. Најде трага. Најде излез. Најде спас. Најде чаре. Најде мана.
3. Сретне, затече (при посета) некого, нешто. Кога да дојдеш, дома ќе ме најдеш. Ја најде наведната над разбојот. Го остави како дете, а го најде како возрасен маж. Куќата ја најдов негибната, ама нив не ги најдов.
4. Набави, обезбеди, снабди. Кога ќе најдам пари, ќе ги платам сметките. Одвај го најдов лекот. Најди ми добар мајстор. Најдов човек за работа во дуќанот. Дали најде карти за театар? 5. Процени, просуди, заклучи. Ако најде судот дека така е подобро, да ја прекинеме расправата. Беше многу задоволен, зашто најде дека добро заработил. Откако го ислуша, најде дека имал право. 6. Избере. Останал неженет, зашто не можел да најде мома спрема себе. Од толку чевли по продавниците, не можам да најдам какви што сакам.
5. Добие род, земјоделски и др. производи. Годинава најдовме околу илјада килограми тутун. Според годината добар род најдоа.
6. Со кратка заменска форма за директен предмет – ме (те и др.) – снајде, се случи некому; (само 3 л. едн.) Кај ме најде оваа беља. Ако ти е пишано, ќе те најде. Лоша болест го најде. Што те најде, што ти се стори? Леле, што ме најде! 9. Во изрази на негодување, неодобрување. Си нашол со кого да одиш. Кај ме најде пак мене?! Ех, ама го најде човекот. Сега ли најде да одиш?! Ти ли најде да ми кажеш. Таму ли најде да го оставиш.
Коњугација: (ќе) најдеа , (ќе) најдев , (ќе) најдел , најдат , најден, најдете , најди , најдоа , најдов , нашле , нашол .
Изведени зборови:
- наоѓање, глаг. им. ср.
- се ~ најде, 1. Се сретне, се состане со некого. Се имам договорено утре да се најдам со него. Кога ќе се најдеме другпат, пак ќе позборуваме за тоа. 2. Послужи за нешто, помогне ако притреба. Не фрлај го тоа, остави го, ќе се најде. Земете некоја пара повеќе да ви се најде. Ќе поседи некој ден да им се најде. Кога ни беше тешко, многу ни се најде. 3. Дојде, стигне, се затече некаде. До вечер треба да се најдам дома. Сè ќе оставам и веднаш ќе се најдам кај вас. Утре рано да се најдеш во општината. Неочекувано се најде пред тешка задача. По толку години, пак се најде во родното место. 4. Се почувствува. Од тоа прашање се најде навреден. Во таа расправија се најде побуден да го брани послабиот. Меѓу другите, се најдоа како изгубени, исплашени. Кога застана пред неа, се најде смешен и збунет.
- (се) наоѓа, глаг. несв. (се) наоѓаат
Фразеолошки израз / поговорка:
Си го најде патот – се среди, ги оствари своите потреби за работа и живот. Му го најде крајот – реши, расчисти некоја работа. Се најде во небрано (лозје) – дојде, се најде во незгода. Се најде во тесно – се најде во тешка, безизлезна положба. Нашол па зашол – за оној што не знае што е доста, што покажува голема дрскост. Нашле заеднички јазик (книж.) – се согласиле, се спогодиле. Нашло грнче поклопче – нашол сличен на себе (обично во негативна смисла). Што барал, тоа и си нашол – добил заслужена казна. (Од мене) ќе си го најдеш (татко ти) – закана. Добре (те) најдов. Добре нашле – како одговор на поздрав: Добре дојде. Добре дошле.
Оригинални податоци:
најде, најдат; најди, најдете; најдов, најдоа; нашол, нашле; (ќе) најдев, (ќе) најдеа; (ќе) најдел; најден св. 1. Барајќи, дојде повторно до нешто загубено, или случајно открие нешто. По два дена си ги најде клучовите во дворот. Им направија претрес во куќата, ама ништо не најдоа. Меѓу зафрлените работи на таванот најде стар ракопис. 2. Пронајде, установи, заклучи нешто во резултат на барање, разгледување, истражување, проучување, размислување и сл. Најде работа. Најде решение. Најде одговор. Најде објаснување. Најде причина. Најде оправдување. Најде сили. Најде доказ. Најде трага. Најде излез. Најде спас. Најде чаре. Најде мана. 3. Сретне, затече (при посета) некого, нешто. Кога да дојдеш, дома ќе ме најдеш. Ја најде наведната над разбојот. Го остави како дете, а го најде како возрасен маж. Куќата ја најдов негибната, ама нив не ги најдов. 4. Набави, обезбеди, снабди. Кога ќе најдам пари, ќе ги платам сметките. Одвај го најдов лекот. Најди ми добар мајстор. Најдов човек за работа во дуќанот. Дали најде карти за театар? 5. Процени, просуди, заклучи. Ако најде судот дека така е подобро, да ја прекинеме расправата. Беше многу задоволен, зашто најде дека добро заработил. Откако го ислуша, најде дека имал право. 6. Избере. Останал неженет, зашто не можел да најде мома спрема себе. Од толку чевли по продавниците, не можам да најдам какви што сакам. 7. Добие род, земјоделски и др. производи. Годинава најдовме околу илјада килограми тутун. Според годината добар род најдоа. 8. Со кратка заменска форма за директен предмет – ме (те и др.) – снајде, се случи некому; (само 3 л. едн.) Кај ме најде оваа беља. Ако ти е пишано, ќе те најде. Лоша болест го најде. Што те најде, што ти се стори? Леле, што ме најде! 9. Во изрази на негодување, неодобрување. Си нашол со кого да одиш. Кај ме најде пак мене?! Ех, ама го најде човекот. Сега ли најде да одиш?! Ти ли најде да ми кажеш. Таму ли најде да го оставиш. ● се ~ 1. Се сретне, се состане со некого. Се имам договорено утре да се најдам со него. Кога ќе се најдеме другпат, пак ќе позборуваме за тоа. 2. Послужи за нешто, помогне ако притреба. Не фрлај го тоа, остави го, ќе се најде. Земете некоја пара повеќе да ви се најде. Ќе поседи некој ден да им се најде. Кога ни беше тешко, многу ни се најде. 3. Дојде, стигне, се затече некаде. До вечер треба да се најдам дома. Сè ќе оставам и веднаш ќе се најдам кај вас. Утре рано да се најдеш во општината. Неочекувано се најде пред тешка задача. По толку години, пак се најде во родното место. 4. Се почувствува. Од тоа прашање се најде навреден. Во таа расправија се најде побуден да го брани послабиот. Меѓу другите, се најдоа како изгубени, исплашени. Кога застана пред неа, се најде смешен и збунет. ◊ Си го најде патот – се среди, ги оствари своите потреби за работа и живот. Му го најде крајот – реши, расчисти некоја работа. Се најде во небрано (лозје) – дојде, се најде во незгода. Се најде во тесно – се најде во тешка, безизлезна положба. Нашол па зашол – за оној што не знае што е доста, што покажува голема дрскост. Нашле заеднички јазик (книж.) – се согласиле, се спогодиле. Нашло грнче поклопче – нашол сличен на себе (обично во негативна смисла). Што барал, тоа и си нашол – добил заслужена казна. (Од мене) ќе си го најдеш (татко ти) – закана. Добре (те) најдов. Добре нашле – како одговор на поздрав: Добре дојде. Добре дошле. ‖ (се) наоѓа, (се) наоѓаат несв. ‖ глаг. им. наоѓање ср.