накаже 2
Значење на накаже:
1. Каже многу нешта, изнакаже, назборува. Што не ми накажа, ми се смачи да го слушам.
2. (разг.) Поткаже, предаде, се пожали на некого. Не задевај се, ќе те накажам на учителот.
Коњугација: (ќе) накажеа , (ќе) накажев , (ќе) накажел, накажаа , накажав , накажал , накажан , накажат , накажете , накажи .
Изведени зборови:
- накажува, глаг. повт. накажуваат
- накажување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
накаже2, накажат; накажи, накажете; накажав, накажаа; накажал; накажан; (ќе) накажев, (ќе) накажеа; (ќе) накажел св. 1. Каже многу нешта, изнакаже, назборува. Што не ми накажа, ми се смачи да го слушам. 2. (разг.) Поткаже, предаде, се пожали на некого. Не задевај се, ќе те накажам на учителот. ‖ накажува, накажуваат повт. ‖ глаг. им. накажување ср.