накостреши се
Значење на накостреши се:
1. За животно – се наежави, ги подигне влакната, пердувите од страв, од студ и сл. Мачорот се накострешил.
2. За човек – силно се возбуди, се разлути, се наостри за одбрана, за судир, за борба. Се накострешиле за борба.
Коњугација: се накострешат.
Изведени зборови:
- накострешување, глаг. им. ср.
- се накострешува, глаг. несв. се накострешуваат
Оригинални податоци:
накостреши се, се накострешат св. 1. За животно – се наежави, ги подигне влакната, пердувите од страв, од студ и сл. Мачорот се накострешил. 2. За човек – силно се возбуди, се разлути, се наостри за одбрана, за судир, за борба. Се накострешиле за борба. ‖ се накострешува, се накострешуваат несв. ‖ глаг. им. накострешување ср.