накрене
Значење на накрене:
1. Крене донекаде, подигне малку. Ја накрена двоцевката и со силен грмеж го процепи воздухот. Ја накрена стомната и се напи. Го накрена пагурчето уште еднаш.
2. Крене, наземе многу нешта. Накренал и што треба и што не треба. Накренал сè што можел да носи.
Коњугација: (ќе) накренеа , (ќе) накренев , (ќе) накренел, накренаа , накренав , накренал , накренат , накренат , накренете , накрени .
Изведени зборови:
- (се) накрева, глаг. несв. (се) накреваат
- се ~ накрене, 1. Се поврати, се соземе по болест или друга слабост, неуспех и сл. По една недела од операцијата се накрена. Војната нè осиромаши, одвај се накренавме малку. 2. Се крене, се дигне во голем број (луѓе и др.). Сите се накренаа против него. Се накрена народ од секаде.
Оригинални податоци:
накрене, накренат; накрени, накренете; накренав, накренаа; накренал; накренат; (ќе) накренев, (ќе) накренеа; (ќе) накренел св. 1. Крене донекаде, подигне малку. Ја накрена двоцевката и со силен грмеж го процепи воздухот. Ја накрена стомната и се напи. Го накрена пагурчето уште еднаш. 2. Крене, наземе многу нешта. Накренал и што треба и што не треба. Накренал сè што можел да носи. ● се ~ 1. Се поврати, се соземе по болест или друга слабост, неуспех и сл. По една недела од операцијата се накрена. Војната нè осиромаши, одвај се накренавме малку. 2. Се крене, се дигне во голем број (луѓе и др.). Сите се накренаа против него. Се накрена народ од секаде. ‖ (се) накрева, (се) накреваат несв.