накриви

Глагол, свршен

Значење на накриви:

1. Стави, постави нешто накриво. Ја накриви капата, правејќи се важен. Накривил калпак над веѓи.

2. Искриви, навали на некоја страна. Тој само ги накриви усните и ништо не рече. Ја накриви главата да чуе.

Коњугација: накриват.

Изведени зборови:

  • накривување, глаг. им. ср.
  • се ~ накриви, Се искриви, се навали. Старата ограда се накривила, готова да падне. Бродот опасно се накриви.
  • (се) накривува, глаг. несв. (се) накривуваат

Оригинални податоци:

накриви, накриват св. 1. Стави, постави нешто накриво. Ја накриви капата, правејќи се важен. Накривил калпак над веѓи. 2. Искриви, навали на некоја страна. Тој само ги накриви усните и ништо не рече. Ја накриви главата да чуе. ● се ~ Се искриви, се навали. Старата ограда се накривила, готова да падне. Бродот опасно се накриви. ‖ (се) накривува, (се) накривуваат несв. ‖ глаг. им. накривување ср.