накриво
Значење на накриво:
1. Не право, настрането, накосо. На ѕидот висеше малку накриво семејна фотографија. Главата ја држеше накриво.
2. Погрешно, неправилно. Што да кажеше, го сфаќаа накриво. Рамото му зарасте накриво. Светот е скроен накриво.
Фразеолошки израз / поговорка:
Накриво насаден – што има незгоден карактер.
Оригинални податоци:
накриво прил. 1. Не право, настрането, накосо. На ѕидот висеше малку накриво семејна фотографија. Главата ја држеше накриво. 2. Погрешно, неправилно. Што да кажеше, го сфаќаа накриво. Рамото му зарасте накриво. Светот е скроен накриво. ◊ Накриво насаден – што има незгоден карактер.