накрка
Разговорен збор, израз.
Значење на накрка:
Нахрани, најаде некого до прејадување. Ги накрка децата и ги пушти да си играат.Коњугација: накркаат.
Изведени зборови:
- се ~ накрка, Се најаде до ситост, до прејадување.
- (се) накркува, глаг. повт. (се) накркуваат
Оригинални податоци:
накрка, накркаат св. (разг.) Нахрани, најаде некого до прејадување. Ги накрка децата и ги пушти да си играат. ● се ~ Се најаде до ситост, до прејадување. ‖ (се) накркува, (се) накркуваат повт.