накрши

Глагол, свршен

Значење на накрши:

1. Открши, скрши парче од нешто. Го накрши лебот. Одвај ја дочувавме погачата цела да не ја накршат.

2. Искрши доволно или многу нешто. Накрши прачки и запали оган. Накрши полна тава јајца.

Коњугација: накршат.

Изведени зборови:

  • накршување, глаг. им. ср.
  • се ~ накрши, 1. Се скрши малку, се одлушне. 2. Искрши доволно, се задоволи, се наработи со кршење. Се накрши ореви.
  • (се) накршува, глаг. несв. (се) накршуваат

Оригинални податоци:

накрши, накршат св. 1. Открши, скрши парче од нешто. Го накрши лебот. Одвај ја дочувавме погачата цела да не ја накршат. 2. Искрши доволно или многу нешто. Накрши прачки и запали оган. Накрши полна тава јајца. ● се ~ 1. Се скрши малку, се одлушне. 2. Искрши доволно, се задоволи, се наработи со кршење. Се накрши ореви. ‖ (се) накршува, (се) накршуваат несв. ‖ глаг. им. накршување ср.